Штипјанец и радовишани грабнале Србинка во Куманово

02.11.2015 12:06 | KumanovoNews

Штипјанец и двајца радовишани минатиот месец  грабнале Србинка во Куманово, за да им ги врати парите кои им ги зела со ветување дека ќе ги однесе до Германија.

Штипјанец и радовишани грабнале Србинка во Куманово

З.Р.(44) од Штип, М.Л.(44) и Р.Л.(24) од Радовиш во октомври годинава околу 14 часот кај бензинската на Макпетрол со возило фолксваген управувано од Ш.Д.(46) од Штип, се паркирале пред возило рено меган управувано од Б.А. од Србија, а во автомобилот била и М.С.(40) од Србија. Тројцата мажи насилно ја внеле М.С. во нивното возило затоа што претходно им земала пари ветувајќи им дека ќе ги однесе во Германија. Целта им била да им ги врати парите, но во населба Карпош ги стопирала полиција и ги привела во СВР Куманово.

Штипјанецот и двајцата радовишани ќе одговараат за грабнување, а Ш.Д. за соизвршителство.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk