Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Активистите на граѓанската иницијатива „Протестирам“ со поддршка на опозициските партии, синоќа одржаа протест во Куманово.
Протестот започна пред Основниот суд, каде пред присутните се обратија неколку говорници.
„Борбата продолжува, едностараните одлуки на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ веќе никогаш нема да поминат. Продолжуваме уште пожестоко и уште поорганизирано. 15 дена сме на улица и ќе останеме тука, додека не се исполнат нашите барања. Многумина не прашуваат зошто не маваме со боја по објектите, па што да боиме кога ВМРО-ДПМНЕ не изгради ништо во Куманово, - рече Мартин Костовски, претседател на општинската организација на СДСМ.
Столе Божиновски, новинар и татко на Зоран Божиновски, истакна дека неможеме да зборуваме за демократија и слобода во државата додека имаме новинари во македонските затвори.
„Македонија е единствена држава на Балканот, а можеби и во Европа, која држи во притвор новинар. Притворениот новинар е злосторник затоа што со години труби дека царот е гол, додека рајата се восхитува на виртуелното руво на царот“, - рече Божиновски.
На уличната говорница се обратија и претставници на невладини организации Сања Богатиновска, Борко Стојановски.
„Куманово е град на херои, град, кој не потклегнува на ниту една тортура и никогаш нема да потклекне. Куманово е мултиетнички град и не дозволивме да се наруши соживотот со сценарија, кои сака да не скараат со нашите браќа Албанци. Тоа не го дозволивме ни 2001, ниту на 9 мај минатата година, - рече Стојановски.
Според Едмонд Адеми од СДСМ, „шарената револуција“ најавува нов почеток и промени во државата.
„Шарената револуција има двојно значење. Го најавува крајот на владењето на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, а од друга старна најавува промени и нов почеток за државата и граѓаните, да изградиме економски слободна и богата држава“- рече Адеми.
По обраќањата, шарените револуционери, маршираа по улиците во централното градско подрачје: „Гоце Делчев“, „Трета МУБ“,„Народна револуција“, Градскиот плоштад и се вратија од каде што тргнаа. Протестот помина мирно.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk