Сто семејства добија храна за бебиња

01.06.2019 13:33 | KumanovoNews

Сто семејства од ромска националност денeска добија храна за бебиња, која што ја  обезбеди Националниот ромски центар (НРЦ) во соработка со Банката за храна од Скопје и Федерацијата за борба против сиромаштијата.

Сто семејства добија храна за бебиња

Донацијата е по повод верскиот празник Рамазан Бајрам, а е наменета за деца до 18 месечна возраст.

Помошта се состои во млеко во прав, бебешка храна и кашички.  Со ова сакаме да им помогнеме на социјално загрозените семејства, односно на нивните деца. Вредноста на пакетот е околу 3.000 денари што е голема помош ако се знае во каква матерјална состојба се наоѓаат овие семејства, - вели Ашмет Елезовски, претседател НРЦ.   

Покрај на семејствата, 30 пакети со ваква помош ќе се однесе и на детското одделение во Општата болница Куманово.

НРЦ е дел од мрежата Банка за храна или Нулта глад, која што ја обезбеди донацијата преку познатите маркети во земјава. Елезовски се надева дека во оваа акција ќе се вклучат повеќе кумановски фирми, како и локалната самоуправа Куманово. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk