Стојановски: Дефектните возила и топлотниот бран создаваат слика за нередовно изнесување на ѓубрето во градот 

15.08.2024 16:20 | KumanovoNews

Вработените во „Чистота и зеленило“ работат со максимален капацитет за одржување на хигиената на градот, но дефектите на возилата, мерките на владата за заштита на населението од топлотниот бран и за 40 проценти зголемениот обем на работа создаваат слика дека нередовно се изнесува сметот.

Стојановски: Дефектните возила и топлотниот бран создаваат слика за нередовно изнесување на ѓубрето во градот 

Голем дел од возачите на камионите за собирање на смет се над 60-годишна возраст и мора да ги почитуваме мерките на владата за заштита на населението од топлотниот бран. Една третина, пак од возилата се во дефект, па и тука наидуваме на пречки. А летниот период, големиот број на иселеници го зголемуваат обемот на смет за 30 до 40 посто. На пример ако вообичаената количина во текот на годината е 130 тони, деновиве станува збор за 180 тони дневно. Тоа е огромна количина“, објаснува директорот Ненад Стојановски.

Потполно ги разбира сограѓаните за реакциите, но и вискоите температури создаваат непријатна слика, органскиот отпад на 40 степени многу побргу скапува и се разградува, миризбата во таа ситуација е неизбежна.

Цистерните кои ги поседува претпријатието се во постојана употреба и циркулација.

„Постојано ги прскаме и наводнуваме зелените површини, на овие тепмератури не можеме да здивнеме ниту за миг. Огромни количина на вода се трошат, а секој втори, трети ден ги миеме плоштадот и улиците. Гарантирам дека правиме се, но очекуваме соработка и од кумановци, не фрлајте смет таму каде што не му е место и имајте разбирање“, истакнува Стојановски.

Решението го гледа во што поголем број на полуподземни контејнери кои имаат поголем капацитет, но и се похигиенски за околината.

Жителите од неколку населби од Куманово деновиве реагираа дека нередовно се изнесува сметот, на малиот број на контејнери и мините депонии кои се создаваат покрај нив.  

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk