Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По две години, граѓаните на Куманово ова лето ќе имаат нормално снабдување со вода.
Ова го тврди директорот на ЈП „Водовод“ Горан Стојковски, на денешната седница на совет, бранејќи го финасискиот извештај за работа на претпријатието во првото тромесечие од годината.
“Со новото раководство на државното претпријатие Водостопанство најдовме решение оваа година да нема проблеми со водоснабувањето во градот. Затоа се прашувам како можеше предходните 2 години да нема вода, а сега човек од страна најде решение за проблемот. Дали една група на луѓе од Куманово не беше контролирана во изминатите години од централната влсат и правеше што сака на своја рака со водоснабдувањето на градот, - праша директорот Стојковски.
Тој обвини дека и покрај договорот од 2014 година помеѓу ЈП Водовод и Водостопанство во Министерството за земјоделство, цената на сировата вода да биде 4,8 денари, претпријатието ја фактурира по 6,72 денари. Таа разлика во цената е една од причините поради што претпријатието направило загуба, која во однос на предходната година е за 2 милиони денари помала.
Директорот Стојковски објасни дека регулаторно тело на државно ниво изготвува метологија за унифицирана пресметка на цената на водата, која би требало да изнесува околу 4 денари што значително ќе ја подобри финасиската состојба на претпријатието.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk