Стоп за насилството врз здравствените работници, побараа кумановските лекари

18.09.2019 12:20 | KumanovoNews

Да запре насилството врз лекарите и вработените во здравството и да се најде системско решение за овој повеќегодишен проблем, побараа и кумановските лекари, кои денеска дадоа поддршка на своите колеги од Скопје и одржаа мирен протест во дворот на Општата болница Куманово.

Стоп за насилството врз здравствените работници, побараа кумановските лекари

„Стоп за насилство врз белиот мантил!Стоп за насилство врз здравствените работници и нивните соработници“,- порачаа кумановските лекари.

Протестот го организираше  Асоцијацијата на млади лекари специјализанти(АСМЛ), поради се по зачестените напади врз лекари и медицински сестри. На него беше побарано полициско обезбедување и построги казни кон насилниците.

Протестот го поддржа и Лекарската комора  и Синдикатот на вработените во клиничките центри, а присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот рече дека осудува секаков вид на насилство и дека проблемот е комплексен, а обезбедувањето на јавните здравствени установи е само еден сегмент од тоа решение. Тој кажа дека на состанокот во Министерство за внатрешни работи договориле да има засилена полициска патрола во болницата „Св. Наум Охридски“, а дека за останатите кои немаат соодветно обезбедување ќе има професионално обезбедување.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk