Стотина барања за проценка на штети во Старо Нагоричане

30.09.2015 13:17 | KumanovoNews

Во општина Старо Нагоричане досега се поднесени стотина барања за проценка на штети од невремeто проследено со град.

Стотина барања за проценка на штети во Старо Нагоричане

Најголем дел од барањата се за оштетен род  по нивите и оштетувања на куќи, а ги поднеле жители на селата Младо Нагоричане, Стрезовце, Облавце, Војник, Макреш и Канарево.

Повеќето се за уништениот род на земјоделските површини. Има оштетени ролетни, возила, клима уреди и слично. Барања ќе се примаат се до петок до 16 часот - велат од општина Старо Нагоричане.

По истекот на рокот, комисијата за проценка на штети ќе излезе на терен и ќе подготви извештај за штетите од невремето.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk