Штрајк на дел од вработените во јавната администрација - бараат повисоки плати

14.01.2025 10:51 | KumanovoNews

Вработени од јавната администрација денеска ќе протестираат барајќи потпишување на колективен договор и исплата на 30 проценти додаток на плата.

Штрајк на дел од вработените во јавната администрација - бараат повисоки плати

Од Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) велат дека на протест ќе излезат осум министерства, Државниот завод за статистика и Државниот архив. Веќе една недела во штрајк се и вработените од Државното правобранителство.

На протестот се очекува да учествуваат вработените од министерствата за култура, животна средина, европски прашања, дигитална трансформација, транспорт и врски, економија и труд.

Предвидено е да се протестира во периодот од 11 до 11.30 часот, а локацијата ќе се менува секој ден. Во петок протестот ќе се одржи пред Министерството за финансии. Од УПОЗ сметаат дека вработените во министерствата се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, Министерството за здравство, образование, финансии кои добија 30 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk