Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„ најавуваат дека во понеделник ќе започнат генерален штрајк.
Како неофицијално дознаваме причина за штрајкот се неисплатените плати и придонеси на работниците во изминатите 6 месеци. За таа цел е формиран штрајкувачки одбор од претставници на сите работни единици, кој ги повикал вработените во понеделник да дојдат во фабриката и да го подржат штрајкот. Работниците најавуваат дека нема да се врата на работните места се додека не се исполни нивното единствено барање исплата на сите заостанати плати и придонеси.
Во ФЗЦ се вработени околу 700 луѓе, а само дваесетина посто се на работа, додека останатите се на принуден одмор. Фабриката веќе подолг период се соочува со финасиски проблеми и се очекува нејзино продавања на странски инвеститор. За 8 декември беше најавено првото јавно надавање на акциите на Берзата, но тоа се одложи за јануари наредната година. Вработените, главно, се и акционери на фабриката.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk