Штрајкува судската администрација

23.03.2016 12:02 | KumanovoNews

Започна најавениот штрајк на судската администрација во државата.

Штрајкува судската администрација

Во Основниот суд Куманово, во 10 часот вработените ги напуштија работните места и излегоа на мирен протест пред Судот.

“ Синдикалната организација на Основен суд Куманово во целост го подржува штрајкот на УПОЗ од Скопје. Се одлучивме на ваков чекор бидејќи не сме задоволни од донесениот Закон за судска служба. Тој има многу мани кои ги засегаат вработните. Нашите барање се зголемување на личен доход за 5 одсто, кој ни е ветен мината година и враќање на работното време од 7.30 часот до 15.30 часот, - изјави Синиша Кириќ, претседател на Синдикалната организација на Основен суд Куманово.

Во судот одредени се дежурства за работа на итните предмети. Штрајкот ќе трае три дена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk