Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Предупредувачки протест започнаа професорите од средното стручно училиште „Перо Наков“ од Куманово затоа што им доцни платата.
„Плата треба да примиме до 15. во месецот, но денеска е 23. ние уште не сме добиле. Имаше најава за вчера, но не се реализираше. Затоа денеска протестираме со тоа што ги кратиме часовите за 15 минути. Немаме никаква информација зошто доцни платата, - велат професорите.
Тие додаваат дека не е проблем што овој месец платата не им е исплатена на време, туку што доценењето трае со месеци и години.
„Платата ни ја исплаќаат после 20. во месецот, а они се законодавци и дале обврска платата да се исплаќа во одреден рок, а самите не го почитуваат. Сите сме во минус, во кредити, со самото доцнење се акумулираат долгови, раснат камати, ни се блокираат сметките- додаваат професорите.
Професорите денеска ќе имаат состанок со синдикатот по што ќе ги договорат следните чекори.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk