Странци ќе го посетат Режановце

31.03.2014 12:24 | KumanovoNews

Претставници од Албанија, Турција, Италија, Белгија заедно со домашни невладини и вработени во Министерство за земјоделство утре ќе го посетат селото Режановце за да поразговараат со населението за искористеноста на парите од ЕУ фондовите.

Странци ќе го посетат Режановце

Тие ќе посетат двајца фармери, Етно музејот во селото и ОУ “Толи Зордумис“.

Целта на посетата е да видат како функционираат селата, дали земјоделците користат средства од ИПАРД програма и дали се подготвени за ЛИДЕР програмата.

Посетата е во состав на работилницата  „Зајакнување на засегнатите страни во руралните средини и ЛИДЕР пристапот“  која е организирана од Мрежа за рурален развој и Постојана работна група за рурален развој од земјите во Западен Балкан и ПРЕПАРЕ партнерство за рурална Европа.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk