Странци ќе ја подигаат еколошката свест на кумановци

06.02.2016 11:15 | KumanovoNews

Странски волонтери од младинската организација Мозаик волонтерски центар ќе работат на подигањето на еколошката свест на кумановци.

Странци ќе ја подигаат еколошката свест на кумановци

Тие ги фотографираат сите места во градот каде има смет и ги објавуваат во групата на социјалните мрежи насловена како „Убаво Куманово“, со цел да укажат дека градот е нечист. Фотографирани се делови од централното градско подрачје, Градскиот кеј  и околината кај бањата во Проевце.

„Кога доjдоа во Куманово забележале дека градот е многу нечист и планираат акција за да се подигне свеста кај граѓаните за почиста средина. Наскоро ќе има јавен настан на плоштад со кој ќе ги анимираат граѓаните на оваа тема“-велат од Мозаик.

Оваа активност ја реализираат 5  волонтери од Франција, Германија и Португалија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk