Странски волонтери донираа за загрозените во Србија и БИХ

24.05.2014 11:18 | KumanovoNews

Десетина странски волонтери кои се на размена во “Стритс фестивал“ донираа вода за поплавените семејства во Србија и БИХ и организираа хепенинг на Градскиот плоштад за да ги мотивираат луѓето да донираат.

Странски волонтери донираа за загрозените во Србија и БИХ

Волонтерите од Турција, Франција, Полска и Португалија жонглираа, танцуваа и рачно изработуваа маски во центарот на градот.

Настанот е насловен “И ти донирај“ со цел да се помогне на акцијата што ја организира Црвен Крст, да се помогне на луѓето кои се загрозени од поплавите во Србија, БИХ и Хрватска. Ја поддржуваме оваа акција со еден голем хепенинг за да се привлече вниманието на луѓето. Ќе се подигне свеста на локалното население  дека работата не е завршена и дека уште треба да се донира - вели Катерина Ѓорѓиевски, координатор на волонтери во “Стритс фестивал“.

Волонтерите ги подучуваа малите деца како да изработуваат маски и како да жонглираат.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk