Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со иновациски стратегии ќе се поттикнува развојот на Североисточниот регион.
Во новата програма на Фондот за иновации и технолошки развој се вклучени осумте плански региони во Македонија. Во Куманово вчера се одржа првата работилница за креирање стратегија и иновативни програми за регионот.
„Целта е регионите да бидат поефикасни во креирање и имплементација на проектите. Ние како Гис лајф плус програма ги подржуваме сите региони и центрите за регионален развој и сите регионални партнери, за да се идентифицираат во оваа соработка“, - вели Хамси Белули, претставник на Германска програма за регионален јазик во Македонија.
„Ова е прва работилница, целта е да се вклучат бизнис секторот академскиот сектор, регионалната и локалната управа, да помогнат да се креира иновациската стратегија врз паметна специјализација. Да најдеме неколку приоритетни области, кои може регионот да ги имплементира и по имплементација да се почувствува разлика на полето на иновациите„- вели Драган Шутевски, експерт вклучен во проектот, професор на факултет „Евро Колеџ“.
Претставниците од бизнис заедницата велат дека со задоволство се вклучиле во проектот, за да со свои идеи и искуство помогнат да се изработи квалитетна стратегија и иновативни проекти за развој на североисточниот регион.
„Мк хост е основана во Куманово пред 10 години. Тоа е компанија за веб хостинг и регистрација на домен, официјален регистар за мк домени и број еден во РМ. Овие средби се многу добри и компаниите треба да ги искористат. Јас ги потикнувам младите, затоа што јас ја основав компанијата на 18 години, да не се плашат да основаат компанија и секако да бидат лидер на пазарот во Македонија,- вели Иван Петрушевски, бизнисмен.
„Оваа акција ја подржувам затоа што иницијативата е за североисточниот регион кој е најнеразвиен регион во Македонија. Да се почне од почетокот и со креативност да дојдеме до нови идеи како да се развие целиот регион и да се направи напредок во општеството„,- вели Сашко Крстевски, бизнисмен.
Проекот се реализира преку Министерството за локална самоуправа во соработка со Центрите за развој на планските региони со поддршка на Фондот за технолошки развој и иновации, германското друштво за соработка и развој и швајцарската агенција.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk