Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Секојдневно сме сведоци на пожари во ниви со стрништа и сува трева, но нема поднесена ниту една кривична пријава за подметнувачите.
Последнава недела противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане постојано се на терен и гаснат пожари на отворен простот, во ниви, кои ги палат нивните сопственици, откако ги ожнеале.
Доброволното противпожарно друштво од Старо Нагоричане, само за неколку дена бележи интервенции во селата Старо Нагоричане, Војник, Алгуња и Никуљане, каде гореа стрништа и ливади, кои се намерно запалени. Во Куманово последнава седмица се изгаснати запалени стрништа во населба Карпош, Агино Село и Романовце, - велат од пожарните единици.
Граѓаните се жалат дека пожарите на отворено го загадуваат воздухот и затоа бараат надлежните да ги казнат подметнувачите на пожари.
Чадот се спушта во градот и сите се труеме од неодговорноста на поединци. Наутро мириса на изгорено и не може да се дише. Надлежните треба да ги казнат оние кои намерно ги палат ожнеаните ниви. Пред неколку години се донесе закон, но никој не го почитува, - велат граѓаните.
Од МВР соопштуваат дека oва лето во Куманово не е поднесена ниту една кривична пријава за предизвикување општа опасност, иако сме сведоци дека неосвесни граѓани секојдневно палат стрништа.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk