Стршлени ги напаѓаат пчелните семејства

10.09.2013 07:04 | KumanovoNews

 Стршлени масовно ги напаѓаат и уништуваат пчелите, поради што пчеларите предупредуваат да се преземат дополнителни мерки за да се заштитат.

Стршлени ги напаѓаат пчелните семејства

Стршлените се едни од најголемите непријатели на пчелите и во овој период агресивно ги напаѓаат пчелните заедници. Доаѓаат до кошниците, ги ловат пчелите, со нив се хранат или пак ги носат во своите легла каде се наоѓа нивниот подмладок. Оваа година штршелите ги има изразито многу - вели Бранко Тасевски, претседател на Здружение на пчелари “Пчела“.

Тој објаснува дека штршелите се уништуваат со намамување во шише со пиво и јаболков оцет или со прскање на нивното легло со пипс.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk