Стручните училишта со паралелки под 25 ученици

07.11.2013 14:44 | KumanovoNews

 Средните стручни училишта во градот ќе можат да да формираат паралелки со помалку од 25 ученици.

Стручните училишта со паралелки под 25 ученици

  Оваа одлука ја донесоа советниците на вчерашната  Седница, а се однесува за паралелките во прва година за учебната 2013 / 2014 година.

Според Законот за средно образование редовни паралелки се оние кои имаат меѓу 25 и 34 ученици. Законот предвидува исклучок од ова правило и дозволува во јавните средни училишта да бидат формирани паралелки под законскиот минимум. Процедурата за добивање согласност предвидува претходно позитивно мислење од Министерството за образование и наука и донесување на одлука од основачот на средните училишта, во овој случај од Советот од Општина Куманово - изјави Миле Стојменовиќ, раководител на сектор за образование во Општина Куманово.

Само гимназиите “Гоце Делчев“ и “Сами Фрашери“ оваа учебна година се изјасниле дека во прва година немаат паралелки со помалку од 25 ученици.

 
Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk