Струјата ќе поевтини за 0,1 отсто

29.06.2018 13:06 | KumanovoNews

 Струјата ќе поевтини за 0,1 отсто од 1 јули, одлучи Регулаторната комисија.

Струјата ќе поевтини за 0,1 отсто

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски изјави дека одлуката за новата цена е донесена на денешната седница, а ќе важи од 1 јули.

„Цената на ЕЛЕМ за производство се намалува за 3,39 проценти, на МЕПСО за дистрибуција се намалува за 5,34 проценти, додека на ЕВН за дистрибуција се зголемува за 2,59 проценти“, рече Бислимовски.

Претходно ЕВН и ЕЛЕМ од Регулаторната комисија побараа зголемување на цената на струјата, а МЕПСО не побара ниту зголемување ниту намалување. ЕВН побара зголемување од 9 отсто, а ЕЛЕМ од 1,5 отсто.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk