Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синоќа околу 21 часот на граничниот премин Табановце за излез од државата, при пасошка контрола на патници во автобус утврдено е дека М.Ѓ. (44) од Струмица евидира со мерка „задржи, извести, претреси и контролирај“ од СВР Струмица.
По добиената инструкции лицето да се задржи, полициски службеници констатирале дека М.Ѓ. го напуштил автобусот и просторот на граничниот премин, односно не бил меѓу останатите патници кои биле покрај автобусот, каде царинските службеници им вршеле преглед на личниот багаж. Во два куфера, за кои никој од патниците не се изјаснил дека е сопственик, покрај облеката пронајдено е, во едниот 17, а во другиот 22 поголеми вакумирани пакувања со непозната растителна материја. За настанот се известени СВКПС на МВР и на Царината.
Увид е извршен од екипи од СВР Куманово. По превземените мерки за пронаоѓање на М.Ѓ., истиот во 03 часот е пронајден на околу 5 км од ГП Табановце во близина на бензинска пумпа и е лишен од слобода.
Се работи на целосно расветлување и документирање на настанот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk