Студено утро, минус 5 степени во Куманово

19.02.2015 09:15 | KumanovoNews

 Утрово во Куманово се измерени температури од -5 Целзиусови степени, потврдуваат од Управата за хидрометеоролошки работи во Скопје.

Студено утро, минус 5 степени во Куманово

Во целата држава утринските температури се негативни, при што најстудено е во Маврово -14, а најтопло во Гевгелија каде се измерени -1 степен.

„Времето денеска ќе биде сончево со локална облачност во попладневните часови и со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 4 до 11 степени. За утре УХМР најавува претежно сончево време со слаб ветер од северен правец. Утринските температури и понатаму ќе бидат негативни, а дневната температура ќе биде во благ пораст“ - велат од УХМР.

Во сабота ќе се зголеми облачноста, но наутро се уште ќе биде студено. Во недела ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk