Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Наташа Додевска, сопственичка на студио и академија „Нате“ од Куманово, заедно со уште две колешки од Радовиш и Прилеп, освоија прво место на Интернационалниот натпревар „INTERNATIONAL NOOK DAY“, кој викендов се одржа во Сараево.
На натпреварувањето учествувале фризери и стилисти од Србија, Црна Гора, Хрватска, Македонија и домаќините од Босна и Херцеговина.
„Темите за креација беа вода, воздух, оган и земја. Јас ја одбрав темата огин, и направив фризура која ја освои публиката и стручното жири. Многу сум горда на својот успех, бидејќи имав можност да ги претставам своите идеи и знаење на најдобар начин.
Наградата многу ми значи и поради тоа што учествував на еден нов тимски натпревар. Заедно со моите кошеки Стојче од Радовиш и Габи од Прилеп, имавме незаборавно искуство и дружење, а голема благодарност и до MaksimEksluziv од Македонија, кој беше организатор да заминеме на натпреварот“, ни раскажа Нате.
Со освоената победа државата се стекнува со право натпреварот наредната година да се одржи во Македонија, па Додевска се надева дека ќе се покажат во најдобро светло како добри домаќини и на најдобар начин ќе ги претставата убавините на нашата земја.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk