Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фотоволтаични системи низ сите општински објекти, субвениции на велосипеди, тротинети, клими предвидува програмата на коалицијата „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ.
„За нас поразително е Куманово како најголема општина во државата да се дави во отпад и нехигиена. Затоа предвидуваме: поставување фотоволтаични системи низ сите општински објекти, eнергетско ефикасни објекти во Куманово и субвенционирање на клими, поставување на фотоволтаици во сите средни и основни училишта, градинки и сите јавни објекти“, кажа носителот на листата на ЛДП и ДОМ, Валентин Ефтимовски.
Тој додаде дека ќе поддржат граѓаните со поставување на фотоволтаични системи со субвенции до 60.000 денари до 4 киловати, ќе субвенционираат купување на велосипеди и тротинети, ќе обезбеда ваучери за граѓаните до 50 проценти за велосипеди, но најмногу до 3.000 денари и 50 проценти за тротинети, но најмногу до 6.000 денари
„Планираме да создаваме 15 мали блоковски паркови, воспоставување катастар на зелени површини и
ќе определиме точни локации за секој контејнер, односно поставуваме маркици за полесно управување со отпад“, истакна Ефтимовски.
Утре на платото пред Центарот за култура во 20 часот ќе одржи промоција на кандидатот за градоначалник на иницијативата „Одлучно за промени“, на ЛДП и ДОМ.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk