Субвенции за развој на селски туризам

17.04.2018 07:29 | KumanovoNews

Домаќинставата кои селските куќи ќе ги претворат во туристички апартмани ќе добијат субвенции од државата.

Субвенции за развој на селски туризам

Субвенциите ќе се доделуваат за изградба или адаптација на селски куќи на домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги.

 Проектот предвидува на сопствениците на куќите да им се покријат 60 отсто од трошоците за оваа намена, под услов тоа да не е повеќе од 200 000 денари по домаќинство.

Објектот мора да биде уреден согласно традицијата на крајот во кој што се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје. Да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби) и надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредна.

Министерството за економија објави јавен повик за доделување субвенции за развој на селски туризмот.

Рокот за пријавување е 30 септември 2018 година, а финансиските средства ќе се делат врз основа на принципот “прв дојден, прв услужен“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk