Субвенции за селски куќи пренаменети во туристички апартмани

06.02.2017 08:34 | KumanovoNews

Домаќинставата кои селските куќи ќе ги претворат во туристички апартмани ќе добијат субвенции од државата.

Субвенции за селски куќи пренаменети во туристички апартмани

 Проектот предвидува на сопствениците на куќите да им се покријат 60 отсто од трошоците за оваа намена, под услов тоа да не е повеќе од 200. 000 денари по домаќинство. Објектот мора да биде уреден согласно традицијата на крајот во кој што се наоѓа, како и да се служи храна вообичаена за тоа подрачје.

Со поддршка на селските домаќинства , Министерството за економија сака да обезбеди и самовработување за лица во рурални средини и зголемување на автентична туристичка понуда, со можност за промоција на локалните вредности.

Оваа мерка ќе се реализира во периодот од месец февруари до месец октомври 2017 година.

Оние кои аплицираат ќе треба да докажат дека инвестирале за оваа намена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk