Субвенции за соларно греење и ПВЦ прозорци

03.02.2017 09:54 | KumanovoNews

Министерството за економија ги објави огласите за 2017 година за субвенционирање на дел од трошоците за вградени сончеви термални колекторски системи и за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци.

Субвенции за соларно греење и ПВЦ прозорци

Програмaта предвидува со средства од државниот буџет за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци државата да надомести 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 500 евра. За сончеви термални колекторски системи ќе се покријат до 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

Граѓаните ќе можат да аплицираат до 31 август годинава.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk