Судењето за убиството на Алмир вратено на почеток

16.02.2018 07:56 | KumanovoNews

Судскиот процес за убиството на малиот Алмир Алиу во Основниот суд Куманово вчера започна од почеток.

Судењето за убиството на Алмир вратено на почеток

 Откако Основното јавно обвинителство го одби барањето на адвокатите на оштетените за изземање на јавниот обвинител, а поминаа 90 дена од последното рочиште, нека законска основа судскиот процес да продолжи таму каде застанал, а тоа беа завршните зборови.

 На вчерашната главна расправа обвинителството и одбраната останаа на предходните искази, а адвокатот на обвинетите за насилство побара да се изведат нови докази и психијатриско вештачење, а не да се читаат веќе изведените. Потоа предложи сведоци на одбраната да бидат Бојан Илиќ и девојката на Бобан, како и тројца нови сведоци и  реконструкција на настанот.

Поголем дел од предлозите биле отфрлени, па се читале старите извештаи, а прифетено е барањето за распит на братот и девојката на Бобан Илиќ. На судењето биле повторно прегледани видео снимките од моментот кога се случил инцидентот.  

Следното рочиште е закажано за 5 март.

Бобан Илиќ е обвинет дека со умисла го прегазил четиригодишниот Алмир Алиу, додека роднините на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу се товарат за насилство, откако за банална расправија членовите на двете семејства се степаа пред Здравствениот дом во Куманово, пред две години.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk