Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поради судир на камион и автомобил од 8.30 до 9.15 часот во прекин беше сообраќајот на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кој сега се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
„На магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај село Ругинце, денеска во 8.15 часот се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило со бугарски национални ознаки и патничко моторно возило со кривопаланечки регистарски ознаки. Увидот е во тек“, соопшти СВР Куманово.
Од АМСМ велат дека од 09.15 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата.
(Фото: Aрхива)
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk