Судир на три возила на раскрсницата кон Проевце

09.01.2018 11:14 | KumanovoNews

Нова сообраќајна несреќа се случи викендов на раскрсницата на улиците Трета МУБ и Бранко Богдански Гуцман, во населбата Зелен Рид.

Судир на три возила на раскрсницата кон Проевце

Во недела околу 17 часот, на раскрсницата се судриле три возила. Со повреди се здобило едно повозрасно лице, совозач во еден од автомобилите. Повредениот со возило на Брза помош е пренесен во  Кумановската болница.

Жителите од околните куќи, кажуваат дека за 7 години на оваа раскрсница се случиле 152 сообраќајни несреќи. Голем дел од колите завршиле во нивните огради и дворови, поради што не се чувствуваат безбедно.

Тие бараат од наделжните да се изгради кружен тек или да се постават семафори на раскрсницата, бидејќи возачите не ги почитуваат сообраќајните правила и возат пребрзо.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk