Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од понеделник (4 септември), судовите ќе работат од 7.30 часот до 15.30 часот, наместо како што беше досега, од 8.30 до 16.30 часот, одлучи Судскиот совет.
Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски, изјави дека за новото работно време се изјасниле и вработените во судовите и додаде дека Советот ќе следи како тоа ќе влијае на ефикасноста на судовите.
Вработените во судската администрација во Основниот суд Куманово, главно ја поздравуваат одлуката и велат дека тоа било едно од барањата за време на штрајкот што сега им е исполнето.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk