Шумочувари добија кривична пријава за несовесно работење

10.04.2019 09:00 | KumanovoNews

Секторот за внатрешни работи Куманово, до Основното јавно обвинителство Куманово, поднесе кривична пријава против Ф.З.(44) и А.Б.(42) поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело несовесно работење во службата.

Шумочувари добија кривична пријава за несовесно работење

Пријавените, како вработени во ЈП „Македонски Шуми“- ПШС Куманово, при извршување на работните задачи како шумочувари на реоните „Црн Врв“ и „Белановце“, на 06.02.2019 во село Белановце сопреле патничко возило „Опел Астра“, управувано од М.Р., кое било натоварено со бесправно исечено дрво.

Наместо да го обезбедат и предадат за понатамошна постапка, тие постапиле спротивно на своите службени овластувања и на одредбите од Закон за шуми и под изговор дека е дефект го оставиле без надзор и незаклучено со клуч за стартување на брава од истото, од каде подоцна М.Р. непречено си го зел во свое владение. 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk