Супер Тинекс во поранешна „Мома„

29.07.2010 10:02 | KumanovoNews

 Во просториите на поранешна „Мома„ вчера се отвори новиот хипермаркет на Тинекс. На површина од 1500 метри квадратни во објектот се сместени маркетот Супер Тинекс и дрогеријата Космо.

Супер Тинекс во поранешна „Мома„

  Потрошувачите  можат да се снабдат со над 35 000 прехранбени производи,бела техника, козметика, играчки, книги  и се што е неопходно за урбано живеење на едно семејство.

Во Супер Тинекс моментно работат педесетина вработени, но нивниот број ќе се зголемува. Нашата инвестиција чини околу пола милион евра-  вели Кристина Тодоровиќ-Николиќ, генерален извршен директор во Тинекс.

Во малата стоковна куќа, новина е дрогеријата  Космо  која што е поразлична и единставена по својот асортиман на квалитетна и домашна козметика. Супер Тинекс е петти хипермаркет или 39 -ти маркет во државата од ланецот Тинекс.

  Тинекс во Куманово  важи за еден од најпрестижните и најснабдени во градот.

По повод отварањето на  Супер Тинекс на Градскиот плоштад се одржа концерт на која настапија поп-ѕвездите Елена, Ламбе и Слаткаристика, a прославата заврши со спектакуларен огномет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk