Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Земјоделците велат дека ваква суша немало последниве три децении и поради неповолните услови сеидбата ќе мора да почека.
Не може да се планира за колкав временски период ќе се пролонгира сеидбата, но веднаш штом ќе падне дожд, земјоделците ќе ги засеат нивите. Ако сушата потрае, наместо есенска, повеќето земјоделци ќе се одлучат за пролетна сеидба.
Без вода ништо нема да успее. Пченицата е специфична, бидејќи бара повеќе влага од другите житарици. Октомври беше порано ударен термин и тогаш се сееше. Лани исто имавме сушна година. Блага зима нема да има ефект. Ако зимата биде снежна, посевите ќе се спасат. Без влага нема да 'рти семето. Практично семето се фрла во празно - вели Драгица Јовановска, агроном.
Стојко Ивановски од Зружението на земјоделски производители Куманово вели дека одложувањето на сеидбата е штетно, ќе се одрази на квалитетот и на приносите.
Се чека на временските услови. Ако падне дожд, нема одлагање. Не можам да кажам која култура бара повеќе влага,бидејќи на сите житарици им треба вода. Не се овошни дрвца, па да можат со помалку влага да вирејат. И лани слушавме со денови дека има завеани села, а никаде немаше поплава. Тоа беше сув снег, се топеше постепено - додава Ивановски.
Според земјоделците, последниве години сушата нанесе големи штети на сите земјоделски култури.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk