Сузбиена криминална група инволвирана во трговија со оружје

18.02.2019 14:57 | KumanovoNews

Во координирана полициска акција сузбиена е повеќечлена организирана криминална група составена од лица од Скопје, Тетово и Куманово инволвирана во вршење на кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Сузбиена криминална група инволвирана во трговија со оружје

Во неколку различни случаи документирана е продажба на вкупно десет пиштоли.

Ноќеска извршен е претрес на вкупно 13 локации, а при претресите лишени од слобода се Ф.А. (39), Б.А. (34), Н.М. (63), Ф. Ј. (32), А.А. (29), С.Н. (48), Б.М. (25) сите од Скопје и Џ.Р. (36) од Тетово и С.И. (47) од Куманово.

При тоа пронајдени се и одземени една автоматска пушка, една ловна пушка, 16 пиштоли, муниција од различен калибар, мобилни телефони и СИМ картички.

Ф. А. и А. Б. подолг период, во работилница лоцирана во Скопје, со употреба на пригоден алат изработувале огнено оружје пиштол на тој начин што Ф. А. набавувал потребна количина на пиштоли за светлосна и звучна сигнализација, додека А.Б. во својата работилница сигналното оружје го конвертирал во огнено оружје, на начин што ја вадел цевката која што служи за испукување на гасен куршум и на нејзино место вметнувал метална цевка претежно од калибарот 7,65 мм,. Исто така, биле набавувани и други видови на огнено оружје и разни видови на муниција кои ги продавале на заинтересирани лица.

По конвертирањето на оружјето, пронаоѓале заинтересирани лица и го продавале по цена од 250 до 400 евра.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk