Св.Климент Охридски е неработен ден

07.12.2015 09:37 | KumanovoNews

Св. Климент Охридски утре е неработен ден за сите граѓани.  Тоа е согласно Законот за празниците на Република Македонија.

Св.Климент Охридски е неработен ден

На овој ден го славиме македонскиот светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој улествувал во извршувањето на Моравската мисија. По смртта на Св Методиј бил истеран од Панонија, Германија и побарал сапс во Бугарија. По барање на бугарскиот цар Борис I оди во Охрид, административно регионот во тогашното царство бил познат како Кутмичевица,  каде во 886 година ја формира Охридската книжевна школа или попозната како „Прв словенски универзитет“, од кој како подготвени излегле 3500 ученици. Тој е познат македонски и словенски учител исто е познат и по градот Охрид.

Св. Климент бил и првиот Епископ Словенски со титула Епископ Велички. Во негова чест се именувани многу училишта во државата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk