Швалер со чекан скршил глава на сопруг

27.04.2011 11:20 | KumanovoNews

   О.К.(33) од Куманово се здобил со сериозна повреда на главата , откако  С.С. (34)  го удрил со чекан, затоа што побарал  да му ги врати парите што му ги должел, и го обвинил дека е во љубовна врска со жена му.

Швалер со чекан скршил глава на сопруг

Инцидентот се случил вчера во 10 часот на ул.„Ѓуро Ѓаковиќ“, кога сопруг дошол кај швалерот да се расправат за долгот и швалерството со жена му. Тогаш љубовникот го земал чеканот и го удрил по главата сопругот. За да се одбрани О.К. зел пластичен кабел и тргнал да се пресмета со напаѓачот, но во моментот дошол нивен сосед кој спречил во намерата. Повредениот О.К. е пренесен во кумановската болница, и поради сериозноста на повредите е префрлен во Ургентниот центар во Скопје. С.С. е приведен во СВР-Куманово и против него ќе биде поднесена пријава за тешка телесна повреда.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk