Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во сите основни училишта во општината денеска се организираше свечен прием за учениците кои тргнаа во прво одделение.
Во основното училиште „Браќа Миладиновци“, покрај родителите и наставниците, најмалите ученици ги поздрави и градоначалникот Зоран Дамјановски.
„Влегувате во нова етапа во вашиот живот. Едукацијата и образованието е најзначајниот циклус за изградба на здрава и рамноправна личност во општеството. Затоа огромна задача за вашите наставници е да успејат да ви го всадат новото знаење. Ви посакувам многу здравје, среќа, успех, да постигнете резултати со кои ние ќе се гордееме со вас„, - изјави Дамјановски.
На првиот училишен ден беше организирана приредба од учениците од повисоките одделенија, а на учениците топло добредојде им посака директорката Марина Манојловска.
Учениците и родителите возбудени од првата средба со училиштето и учителките очекуваат многу петки.
Во основното училиште „Браќа Миладиновци“ запишани се 142 првачиња, едно повеќе од минатата година.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk