Свечено пуштање на базените на 1 август

27.07.2016 13:11 | KumanovoNews

   Заврши изградбата на отворениот и затворен базен во Куманово.

Свечено пуштање на базените на 1 август

Свеченото пуштање ќе се одржи на 1 август во 20 часот, во присуство на голем број гости и граѓаните, со богата културно-уметничка програма.

 „Со гордост го претставувам овој проект, за кој сметам дека во последни 10 години нема изградено таков проект во државата. Тоа е еден прекрасен објект за професионални спортски натпревари, ќе биде вклучен и училишниот спорт, како и за пливачките клубови и рекреација за граѓаните. Отворениот базен исто така ќе биде на услуга на граѓаните на Куманово, и е со капацитетот околу 200 луѓе, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.

Комерцијалниот дел на комплексот е исто така завршен, и ќе се даде под концесија. Во него е предвиден хотел за околу 48 гости со ресторан, продавница за спортска опрема, кафулиња и силно.

Со базените до крајот на летото ќе стопанисува Општината Куманово преку Секторот за култура и спорт, а потоа ќе го преземе едно од јавните претпријатија.

Цената на билетот за отворениот базен е 150 денари, за деца до 7 години бесплатно, а до 14 години 75 денари. Целодневна карта за капење во затворениот базен ќе чини 200 денари.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk