Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Љ.Г.(22) од Радовиш, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи на безбедноста“.
На почетокот на месецот, на автопатот Куманово-ГП Табановце полициски службеници забележале три патнички возила од кои излегувале мигранти. На местото на настанот биле затекнати седум мигранти, а при обид да се легитимира возачот на патничкото возило „Мазда“, истиот го стартувал возилото, по што удрил во полицискиот службеник со браникот во десната нога и го прегазил по стапалото нанесувајќи му телесна повреда.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk