Свети Сава одбележан во „Браќа Рибар„ во Табановце

28.01.2016 09:44 | KumanovoNews

Празникот Свети Сава вчера беше одбележан и во основното училиште „Браќа Рибар“ во село Табановце.

Свети Сава одбележан во „Браќа Рибар„ во Табановце

Приредбата беше организирана за родителите и месното население, на која се потенцираше значењето на светецот, а најдобрите ученици од распишаниот ликовен и литературен конкурс добија награди.

„Децата се запознаени со ликот и делото на Свети Сваа, дека е тој важен српски просветител. Кај нас 42 деца следат настава на српски јазик, исто и во село Четирце во подрачното се учи српски јазик. Интерес има за учење на српски јазик“- вели директорката Светлана Стефановска.

Во „Брака Рибар“ работи секција на српски јазик каде децата рецитираат и подготвуваат драмски претстави.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk