Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Празникот на лозарите „Свети Трифун“ денеска беше одбележан во средното земјоделско училиште Киро Бурназ, со закројување на лозовите гранчиња и со културно уметничка програма.
„Сакам да го честитам празникот Свети Трифун. Заедно со менаџерскиот тим на училиштето го закроивме лозјето, со надеж дека ова ќе биде просперитена и бериќетна година. На сите млади кои го прославуваат денот на љубовта им го честитам празникот „Свети Валентин“,- изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Традиционално во училиштето се одбележува денот на лозарите и се сече славски колач. Лозовиот насад со кој располага училиштето служи за практична настава на учениците.
На одбележувањето на „Свети Трифун“ беа присутни професори, ученици, претставници од локалната самоуправа, советници и свештеници од Кумановско-осоговската епархија.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk