Светиот крст ќе се фрла во Затворениот базен

16.01.2017 15:04 | KumanovoNews

На празникот Водици, православните верници ќе скокаат по крстот во затворениот базен во Куманово.

Светиот крст ќе се фрла во Затворениот базен

Оваа верска манифестација ја организира општината Куманово и Кумановско-осоговската епархија.

„По повод големиот христијански празник Водици во организација на Кумановско-осоговска епархија, градоначалникот со локалната самоуправа и трите пливачки клуба „Тумба„,Делфин„и „Аква„ за прв пат на ден 19.01.2017г.(четврток) ќе се организира „Пливање по крст„ на затворениот градски базен со почеток во 12.00 часот. Сите заинтересирани граѓани може да се пријават во наредните денови на пријавница на градскиот базен, - стои во соопштението на општина Куманово.

Предходните години Светиот крст се фрлаше во базените во дворовите на црквите и на спортскиот базен кај Ловечки дом.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk