Светиот крст ќе се фрла во затворениот базен

18.01.2020 14:42 | KumanovoNews

Пливачките клубови „Аква“, „Немо“, „Делфин“, „Тумба“ и „Тумба 2018”, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, утре (недела) организираат пливање по светиот крст во Затворениот градски базен.

Светиот крст ќе се фрла во затворениот базен

Манифестацијата е со почеток во 11:30 часот.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да пливаат по крстот можaт да се пријават најдоцна до 18.01.2020 година на пријавницата на градскиот базен.

По повод празникот Водици, утре во 9 часот светиот крст ќе се фрла во базените на црквите „Свети Никола“ и „Света Тројца“.

За верниците коишто ќе го фатат крстот следуваат награди.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk