Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Светлана Цветковска е избрана за раководителка на Регионалното одделение Куманово при Државниот завод за статистика на Македонија.
По професија е магистер по бизнис администрација, а во институцијата работи од 2015 година, каде што стекнала долгогодишно професионално искуство во областа на статистиката.
„Раководната функција претставува чест, но пред сè голема одговорност. Ќе продолжиме како одделение посветено и професионално да ги извршуваме секојдневните обврски. Успехот на секој колектив се темели на тимската работа, сè со цел квалитетно и ефикасно работење“, изјави Цветковска.
Со нејзиното именување, по повеќе од 20 години повторно е избран прв човек на Регионалното одделение во Куманово, откако оваа позиција подолг период беше непополнета.
2008 - 2026 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk