Светосавска академија во Занаетчискиот дом во Куманово

25.01.2024 20:49 | KumanovoNews

Во Занаетчискиот дом во Куманово утре /петок/ со почеток во19 часот ќе се одржи Светосавска академија, по повод „Свети Сава“ националниот празник на Србите во Македонија.

Светосавска академија во Занаетчискиот дом во Куманово

Организатор на академијата е Српската заедница од Македонија, одбор Куманово. Предвидена е богата културно-уметничка програма на која ќе настапат: Игор Мировиќ, поет и книжевник, Дејан Лилиќ, актер,  групата Искон, академските музичари Неда Николиќ и Благојче Трајчевски, Бранка Зечевиќ и КУД „Српски вез“.

Се очекува на академијата да присуствуваат гости од Република Србија, Република Српска, градоначалникот на Куманово, амбасадорката на Србија во Македонија, како и гости од градот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk