Светосавска академија во Занаетчискиот дом во Куманово

24.01.2025 11:04 | KumanovoNews

По повод националниот празник на Србите во Македонија - „Свети Сава“,  во недела во Занаетчискиот дом во Куманово, ќе се одржи Светосавска академија.

Светосавска академија во Занаетчискиот дом во Куманово

Академијата ја организира Демократска партија на Србите од Македонија и Српската заедница р.о. Куманово, со богата културно-уметничка програма. 

„Во рамккте на овогодишната Светосавска академија предвидено е да настапи Првото белградско пејачко друштво, Уметничкиот ансамбл на Министерство за одбрана на Р.Србија „Станислав Бинички“, оперската пејачка Љубица Вранеш од Белград, Драгољуб Бајиќ првак-солиста во операта на Народниот театар во Белград, актерот Слободан Ѓустиќ и КУД "Српски вез"’, соопштуваат организаторите.

Почетокот е закажан во 19 часот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk