Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане ја продолжува соработката со истоименото училиште од Врање и почнува соработка со здружението на Македонците „Гоце Делчев“ од истиот град во соседна Србија.
Ученици од ова училиште ќе учествуваат на конкурсот кој го распиша здружението „Гоце Делчев“ за ликовни и литературни творби посветени на херојот.
„Гости од Врање веќе имавме во нашето училиште и се надеваме дека во февруари ќе го посетиме училиштето „Светозар Марковиќ“ во Врање и ќе договориме како да соработуваме понатаму на проекти“-вели Даниела Станковска, директорка на „Светозар Марковиќ“.
Во основното училиште во Старо Нагоричане настава се изведува на српски наставен јазик.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk