Светски ден на книгата ќе се одбележи во Кумановската библиотека

22.04.2018 11:29 | KumanovoNews

Градската библиотека „Тане Георгиевски“ оваа година учествува ќе го одбележи Светскиот ден на книгата и авторското право.

Светски ден на книгата ќе се одбележи во Кумановската библиотека

 По повод, 23 април,  сите читатели и љубителите на пишаната уметност, кои ќе ја посетат библиотеката ќе добијат на подарок книга и цвет.

Настанот се спроведува со цел да се промовира читањето, разбирањето, но и културата.

Одбележувањето на Светскиот ден на книгата и авторското право е од меѓународен карактер и е во организација на УНЕСКО. Прв пат се одбележува во 1995 година, пропратен со низа културни настани ширум светот.

„Книгите се дел од човековата слобода, првенствено слободата на изразување и печатење. Ова се кревки слободи“, - вели генералниот директор на организацијата, Одри Азулај.

(С.Т)

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk