Светски ден на слободата на медиумите

03.05.2011 08:18 | KumanovoNews

 3 мај во стотина земји во светот се одбележува како Светски ден за слободата на медиумите, а е посветен на слободното информирање и глобалното право да се биде информиран.

Светски ден на слободата на медиумите

Овогодишното мото на Светскиот ден на слободата на медиумите е „Медиумите во 21 век: нови граници, нови пречки“, а едно од главните прашања е гарантирање на слободното изразување на интернет.

Светскиот ден на слободните медиуми е воведен од група новинари кои пред дваесет години се собраа во Виндхоек, во Намибија, со една единствена цел - заштита на основните права на слободниот печат.

Во изминатите десет години повеќе од 500 новинари загинале извршувајќи ја својата работна задача. Само во минатата година загинаа 60 новинари, а секојдневно се повеќе новинари се жалат на насилство и закани.

Во пораката објавена од Обединетите нации се повикуваат сите држави да се обединат и заедно со светската организација да ја пропагираат слободата на сите медиуми.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk