Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Поетско- музичка вечер „Слеј се со поезијата и музиката“ ќе се одржи вечерва во Занаетчискиот дом во Куманово, со почеток во 19 часот, по повод Светскиот ден на поезијата.
Манифестацијата е во организација на стручниот актив по македонски јазик и новинарскиот клуб „Ринг медиа“ на училиштето „Кочо Рацин“.
„Вечерва ќе учествуваат ученици од 4-то до 9-то одделение кои ќе читаат творби на роднокрајни автори, а музичкиот дел ќе го изведат ученици на музичкото училиште „Панче Пешев“. Како гости на манифестацијата свои лични творби ќе презентираат Андријана Ѓорѓевска, Андреј Анѓеловиќ и Анастасија Анѓеловска, сите членови на Книжевниот клуб на млади. Од возрасните поети ќе се претстават Христина Алексовска, Сузана Божиновска, Љиљана Тричковиќ, Лидија Максимовиќ, Калина Стојановска и Елизабета Павловска“, истакна Весна Тодоровска, една од организаторките и професор по македонски јазик..
Активноста е дел од годишната програма на нашето училиште. Се релизира во соработка на наставнички и учителки од централното училиште и една од подрачното училиште во Орашац. Имало голема заинтересираност, поради што се размислува ваков начин на одбележување да премине и во традиционален настан.
Во минатото имало слични вакви настани во основното училиште „Кочо Рацин“, но годинава решиле да излезат од рамките на својата институција и да креираат поголема, поразновидна и сеопфатна тематска манифестација за да се престават пред поширока публика и да промовираат дел од македонската поезија.
Пред 25 години 21 Март е прогласен за Светски ден на поезијата, па македонистите решиле во соработка со други колективи од образовни, уметнички и културни дејности да го одбележат малиот јубилеј од 25 годишнината на овој ден.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk